Се чини дека за неколку години нема да можеме никаде да избегаме од рекламите, судејќи според актуелните настани. Малку по малку, сите апликации и услуги добиваат реклами, почнувајќи од услугите за стриминг филмови и ТВ за кои плаќаме, па сè до еден куп бесплатни апликации кои досега не содржеа огласи. Ако им се верува на информациите на порталот Endgadget, последен во низата е Apple со своите мапи.
Потенцијал за огласи
Според зботовите на сега веќе познатиот инсајдер и аналитичар за сите новости и ажурирања во врска со компанијата Apple, Марк Гурман, се подготвува интеграција на рекламите во популарната апликација Apple Maps. Според него, тим од софтверски инженери веќе почнал да го подготвува софтверскиот код кој стои зад Maps за прикажување реклами.
Оваа вест доаѓа по неодамнешните тврдења на Гурман дека Apple веќе започнал внатрешно тестирање на реклами во рамките на својата апликација за просторна навигација, додека ова сигурно не е прв пат компанијата да користи реклами во својот екосистем, бидејќи рекламите веќе се присутни преку App Store. Секако, зад сето ова стои желбата за заработка, па компаниите во моментов можат да платат за нивната апликација да биде прикажана на најдобро можно место кога корисниците бараат термини поврзани со нив.
Според Гурман, по истиот принцип ќе работат и рекламите кои неизбежно ќе се појават во апликацијата Maps. На пример, ресторан за брза храна може да му плати на Apple да се рангира на Maps ако корисникот бара термини што се блиски до компанијата. Се разбира, овие реклами не треба премногу да му наштетат на целокупното корисничко искуство, но доколку се веќе таму, нема да бидат премногу невидливи, бидејќи тогаш никој не би ни кликнал на нив.
Непознат датум
Засега не е познато кога Apple планира да имплементира реклами во својата апликација Maps. Се разбира, бидејќи зад оваа идеја веројатно стои Тод Терези, потпретседателот на сегментот за имплементација на реклами на Apple, не се сомневаме дека би можеле да ги видиме во мапите на почетокот на следната година, особено ако се земе предвид целта на Apple да ги зголеми приходите од реклами од четири милијарди годишно на дури 10 милијарди.

