Во изминатите неколку дена имаше различни извештаи за Huawei Mate 50 серијата, а главната е дека Huawei започнал со масовно производство на моделот Mate 50. Вчера кинеската компанија го објави датумот на официјалното претставување на оваа серија.
Mate линијата смартфони на Huawei не беше претставена минатата година, а наместо тоа Huawei го претстави Huawei P50 во 2021 година. Оваа година серијата Mate ќе пристигне во форма на моделот Huawei Mate 50.
Huawei вчера објави дека оваа серија ќе биде претставена на 6 септември 2022 година. Според гласините, Huawei ќе претстави најмалку четири модели – Huawei Mate 50E, Huawei Mate 50, Huawei Mate 50 Pro и Huawei Mate 50 Porsche Design RS.
На медиумскиот настанот, Huawei се очекува да го претстави XMage, сопствен механизам за обработка на фотографии, кој треба да пристигне како алтернатива на Leica во развојот на алгоритмот за подобрување на фотографиите, што обезбедува прекрасни ноќни фотографии. Покрај тоа, се очекува сите овие телефони да имаат посебен NPU, развиен од HiSilicon.
На неодамна објавените рендери на телефоните (освен Huawei Mate 50E), беше откриено дека Huawei Mate 50, Mate 50 Pro и Mate 50 RS ќе имаат кружен модул на задната страна каде што ќе се наоѓаат задните камери. Тој е речиси идентичен со Huawei Mate 50 и Mate 50 Pro, додека оној што се наоѓа на телефонот Mate 50 RS е малку поинаков.
Кога станува збор за предниот дел, има некои разлики. Како прво, Mate 50 Pro го има стариот класичен засек (notch), за разлика од другите два модели кои немаат засек, туку отвор во горниот дел од екранот. Иако тоа не се забележува на телефонот Mate 50 RS, може да се претпостави дека се работи за отвор. Секако, постои и опција за предна камера под екранот, но тоа е малку веројатно. Сите три екрани се закривени.
Huawei Mate 50, Mate 50 Pro и Mate 50 RS на ексклузивни рендери!