NASA објави аудиоснимка со звучни бранови кои извираат од огромна црна дупка во центарот на галактичкото јадро Персеј, оддалечено повеќе од 200 милиони светлосни години.
Звукот е уреден за да може да биде слушнат од човечко уво. НАСА го измеша со „други податоци“ и го засили. Заблуда е дека нема звуци во вселената.
„Заблудата дека во вселената нема звуци потекнува од тоа што повеќето од просторот е вакуум кој не овозможува начин звучните бранови да патуваат“, соопштија од NASA на Twitter.
The misconception that there is no sound in space originates because most space is a ~vacuum, providing no way for sound waves to travel. A galaxy cluster has so much gas that we've picked up actual sound. Here it's amplified, and mixed with other data, to hear a black hole! pic.twitter.com/RobcZs7F9e
— NASA Exoplanets (@NASAExoplanets) August 21, 2022
„Јатото галаксии има толку гас што успеавме да фатиме вистински звук. Овде е засилен, но и помешан со друго податоци, па се слуша црната дупка“, објаснуваат од NASA
Снимката привлече големо внимание на интернет, а многумина сметаат дека црната дупка звучи токму како и што замислувале дека ќе звучи супермасивна црна дупка.