Кога ќе се спомене зборот осигурување, поголемиот дел од луѓето прво помислуваат на осигурување на домот, возилото, на деловните простории и на сè она што има одредена вредност и значење за нив. Луѓето првенствено избираат да ги осигурат материјалните нешта, кои се, помалку или повеќе, заменливи, но често недостига навика да се одбере осигурување што може да обезбеди финансиска заштита за семејството. Животното осигурување е најценет и најчест облик на осигурување во развиените земји, и тоа од повеќе причини. Пред сè, затоа што е заштита на оние што зависат финансиски од нас и, второ, затоа што на него се гледа како на штедење.
Животното осигурување е наменето за луѓето што размислуваат за својата иднина и за иднината на своето семејство. Тоа обезбедува заштита од ризици и финансиски загуби што може да се резултат на непосакувани настани. Овој тип осигурување во последно време станува нужна потреба, а не луксуз. Полисата за животно осигурување се наметнува како клучен финансиски производ, кој би требало да го има секој. Средствата што ќе бидат вложени на овој начин се еден вид заштеда за сигурна иднина, но истовремено се добива и осигурување.
Полисите за животно осигурување претставуваат единствен финансиски производ кој во исто време нуди опција за осигурување од ризик и штедење. Овој тип осигурување е наменет за луѓето што размислуваат долгорочно и што не ја оставаат на случајноста својата среќа и иднината на своето семејство. Со склучување договор за животно осигурување вложувате во вашата сигурност и во безбедноста на вашето семејство и создавате заштита од финансиски загуби што можат да се појават како резултат на несигурни настани. Истовремено, преку долгорочно штедење обезбедувате и зачувување на животниот стандард во подоцнежните години, но и финансиска заштита на семејството кога е најпотребно.
Животното осигурување станува сè поатрактивно за македонските граѓани кои ги согледуваат бенефициите од полисите за животно осигурување. Сè повеќе граѓани го препознаваат осигурувањето на животот како посакуван облик на штедење, кое им гарантира сигурна заштеда, овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици.
Внимателно следејќи ги зголемените потреби и интересот за животно осигурување, Кроација осигурување – животсоздаде производи приспособени на барањата на пазарот, финансиските можности и потреби на секоја индивидуа. Со осигурување на животот е можно да се изберат износот на ратата, премијата, како и временската рамка на осигурувањето. По истекот на договореното времетраење на осигурувањето, осигуреникот ја добива на располагање договорената сума. Истовремено, за целиот период на осигурувањето вашите најблиски се финансиски заштитени, што е и најголема предност на животното осигурување.
При склучување животно осигурување, најважно е правилно да се избере компанија којашто има знаење, традиција, стабилност и сигурност во работењето. Кроација осигурување – живот е компанија што работи успешно во осигурителниот сектор, а воедно е и првата компанија за осигурување на животот регистрирана во земјава и е финансиска институција кај нас која поседува меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно со стандардот за квалитет ИСО (ISO) 9001:2015, меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно со стандардот ИСО (ISO) 10002:2018.