Dubai Electricity and Water Authority (DEWA) сака најголемиот соларен парк во светот да произведува 5 GW енергија до 2030 година.
Станува збор за соларен парк кој е еден од клучните столбови на стратегии на Dubai Clean Energy Strategy 2050 и Dubai Net Zero Carbon Emissions Strategy и има за цел има да се добие 100% енергија од чисти извори до 2050 година.
Според пишувањето на PV Magazine во јули, паркот наречен Mohammed bin Rashid Al Maktoum има буџет од 3,27 милијарди долари доделени да биде завршен во наредните пет години. Рокот за достигнување производство на 5 GW енергија останува 2030 година.
Најголемиот соларен парк се наоѓа во Дубаи и е дизајниран со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 6.5 милиони тони секоја година до 2030 година. Паркот користи низа фотонапонски и концентрирани соларни технологии.
تفقد معالي سعيد محمد الطاير، العضو المنتدب الرئيس التنفيذي لهيئة كهرباء ومياه دبي، تقدم سير العمل في مشاريع مجمع محمد بن راشد آل مكتوم للطاقة الشمسية، أكبر مجمع للطاقة الشمسية في موقع واحد على مستوى العالم، والذي ستصل قدرته الإنتاجية إلى 5000 ميجاوات بحلول عام 2030 pic.twitter.com/y6PowfP7GP
— DEWA | Official Page (@DEWAOfficial) August 22, 2022
Во склоп на паркот има центар за иновации, а исто така е дом на еден од најголемите истражувајќи и развојни центри во регионот. Првите фази од проектот беа почнати во 2013 година, втората фаза е комплетирана во април, 2017 година.