Програмер разви апликација која испушта звук секогаш кога компјутерот воспоставува врска со некој од серверите на Google, со цел да нè направи свесни колку често всушност и даваме податоци на оваа компанија.
Програмерот Берт Хуберт, познат и како автор на услугата PowerDNS, креираше апликација која јасно покажува колку податоци се испраќаат до Google во секој момент кога повеќето корисници се онлајн. Неговата идеја е прилично едноставна: ги собрал сите IP адреси на серверите на Google за различни намени, а потоа ја програмирал апликацијата да испушта звук секогаш кога компјутерот со тие адреси ќе стапи во контакт.
I made a very very simple tool that makes some noise every time your computer sends data to Google. Here a demo on the official Dutch government jobs site. The noise starts while typing the domain name already. Code, currently Linux only: https://t.co/ZjKeOSfYff pic.twitter.com/dEr8ktIGdo
— Bert Hubert 🇺🇦 (@bert_hu_bert) August 21, 2022
Демото, како што може да претпоставите, се покажа како доста бучно. Додека работеше во Chrome на Google, звукот на испраќање податоци до серверите на Google се појавуваше речиси постојано. На критиките дека тоа е затоа што се користел Chrome, Хуберт одговори со сличен запис создаден при користење на Firefox – звуците не беа помалку ретки дури и тогаш.
Апликацијата се огласувала при внесување на секоја поединечна буква во прелистувачот, бидејќи прелистувачот повикува предлози за комплетирање на терминот за пребарување. После тоа, речиси секој клик на веб на одреден начин предизвикувал реакции од серверите на Google, со што се генерирал звук од апликацијата. Ова веројатно се случувало поради анализата на посетите кои ги врши Google Analytics.
I did a demo of the Google noisemaker that makes some noise every time your computer talks to Google. This demo was based on Google Chrome & made lots of noise. People told me to expect this, since it was Chrome. Here is a video showing the exact same thing on Firefox: pic.twitter.com/btFbIbEivg
— Bert Hubert 🇺🇦 (@bert_hu_bert) August 22, 2022
Апликацијата на Хуберт моментално е достапна за Linux и macOS и може да се најде овде.