Apple објави дека услугата Self Service Repair ќе биде достапна за MacBook Air и MacBook Pro лаптопите со M1 чипови и ќе обезбеди прирачници за поправка и оригинални делови и алатки на Apple преку Apple Self Service продавницата за поправки.
Услугата засега е достапна само во САД, но се планира до крајот на годината да биде достапна и во Европа и за поголем број MacBook лаптопи. Што се однесува до моделите, корисниците на MacBook уредите базирани на Intel чипови во моментов не се опфатени со оваа услуга.
Оваа услуга ќе опфати голем број различни типови на поправки за секој модел, вклучувајќи го дисплејот, горната кутија со батерија и подлогата, итн. Поискусните корисници ќе можат да вршат посложени поправки со пристап до истите делови и алатки достапни на Apple Store локациите и овластените сервисери на Apple.
Заменетите делови ќе можат да се испратат до Apple за новаоб или рециклирање и во многу случаи ќе добијат попуст при следното купување.
Исто така, покрај купувањето алатки, Apple ќе нуди комплети за изнајмување за 49 долари неделно (вклучена е бесплатна испорака), така што клиентите кои не сакаат да купат алат за една поправка, сè уште ќе имаат пристап до професионалните алатки.