Сертификуван е нов телефон на Sony, за кој се верува дека е моделот Xperia 5 IV.
Листингот на уредот потврдува некои спецификации, вклучувајќи ги и неговите димензии. Sony Xperia 5 IV треба да има должина од 155,74 милиметри и ширина 67,1 милиметри.
Ова секако ќе ги задоволи љубителите на компактни и складни телефони, бидејќи Xperia 5 IV треба да биде малку пократок и потесен од минатогодишниот модел Xperia 5 III (157mm x 68mm).
Дијагоналата на екранот е опишана како 153,5 милиметри, што во превод значи точно 6,04 инчи. Дополнително, телефонот ќе има и USB-C конектор и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Претходните гласини сугерираа дека Sony Xperia 5 IV ќе користи Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, кој моментно е најмоќниот чип на Qualcomm за уредите со Android.
На полето на камерите, Xperia 5 IV треба да има главен сензор од 12 MP (IMX557), телефото модул IMX663 од 12 MP и ултраширок сензор од 12 MP (IMX363).