Брендот Honor, на годинашниот IFA саем ќе ја претстави својата визија за иднината и новата ера на поврзување, како и екосистемот на производи, технологии и иновации насочени кон подобрување на секојдневниот живот на корисниците.
Најновите фотографии поврзани со аудио технологијата, направени во лабораториите на Honor, покажуваат дел од она што компанијата ќе го претстави на IFA 2022.
Фотографиите создадени од тимот за истражување и развој на Honor, ја покажуваат новата аудио технологија која се тестира, а повеќе ќе бидe прикажано за време на презентацијата на Honor на 2 септември. Фотографиите се само додаток на веќе подобреното портфолио на компанијата Honor.
На овој начин, Honor продолжува да го менува своето опкружување на технолошкиот пазар – било да се работи за сферата на паметни телефони, видеа, фотографија или звук.