Како што вели претседателот и извршен директор на Sony Interactive Entertainment, Џим Рајан, причината за ова поскапување е зголемената инфлација која влијае на бројни индустрии
Sony ги зголемува цените на PlayStation 5 во Европа, Велика Британија, Јапонија, Кина, Австралија, Мексико и Канада, а сето тоа благодарение на зголемената инфлација.
Цените во Европа ќе пораснат за 10 проценти, додека во Обединетото Кралство за околу шест отсто. Корисниците во САД можат да здивнат бидејќи изгледа дека ќе го прескокнат ова зголемување на цената.
Во продолжение ви ги претставуваме новите цени на PlayStation 5, покрај кои се ставени старите во загради, пред поскапувањето.
Европа:
- PS5 – €549.99 (€499.99)
- PS5 Digital Edition – €449.99 (€399.99)
Велика Британија:
- PS5 – £479.99 (£449.99)
- PS5 Digital Edition – £389.99 (£359.99)
Јапонија:
- PS5 – ¥60,478 yen (¥49,980)
- PS5 Digital Edition – ¥49,478 yen (¥39,980)
Кина:
- PS5 – ¥4,299 yuan (¥3,899 yuan)
- PS5 Digital Edition – ¥3,499 yuan (¥3,099 yuan)
Австралија:
- PS5 – AUD $799.95 (AUD $749.95)
- PS5 Digital Edition – AUD $649.95 (AUD $599.95)
Мексико:
- PS5 – MXN $14,999 (MXN $13,999)
- PS5 Digital Edition – MXN $12,499 (MXN $11,499)
Канада:
- PS5 – CAD $649.99 ($629.99)
- PS5 Digital Edition – CAD $519.99 ($499.99)