Компанијата vivo е веќе некое време присутна и на македонскиот пазар, а актуелниот флегшип смартфон на компанијата, vivo X80 Pro е достапен за преднарачка. Сепак, се чини дека во рамките на X80 серијата може да видиме и уште повисоко позициониран уред.
Ова го сугерираат извори цитирани од популарниот сајт GSMArena, повикувајќи се на X80 Pro+, кој би можел да биде претставен во септември. Но, што би додал овој модел во однос на актуелната Pro верзија?
Најверојатно се работи за новиот Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, како и додавање на 50MP Samsung ISOCELL JN1 и 50MP ISOCELL JN2 senzorite на постоечките 50MP + 48MP со ултраширок објектив во конфигурацијата на камерата.
РЕЦЕНЗИЈА: vivo X80 Pro 5G – Кандидат за Android смартфон на годината