Инвестициите во квантните компјутери ќе растат секоја година, и во IDC веруваат дека до 2027 година владите и компаниите ќе инвестираат повеќе од 16 милијарди долари на овој пазар.
Можностите на квантните компјутери се многу пати поголеми од денешните најмоќни суперкомпјутери. Тие се дизајнирани да можат да ги решат и најсложените пресметки, а експертите се надеваат дека ќе одиграат голема улога во решавањето на најголемите проблеми на современото општество – од одржливоста, јавното здравје до многу споменуваните климатски промени.
Затоа и не треба да чуди што државите и големите технолошки компании вложуваат многу пари во нивниот развој. Една од овие компании е кинеската Baidu, која вчера го претстави својот прв квантен компјутер наречен „Qianshi“. Компјутерот има 10-кубитен процесор, а според Ројтерс, Baidu развил и квантен чип од 36 кјубити. Нивниот компјутер ќе биде достапен и за надворешни корисници кои за свои потреби, експерименти и тестови ќе можат да ја користат неговата моќ.
Инвестициите во квантните компјутери ќе растат секоја година, и во IDC веруваат дека до 2027 година владите и компаниите ќе инвестираат повеќе од 16 милијарди долари на овој пазар.
IBM планира да претстави квантен компјутер со процесор со повеќе од 4.000 кјубити до 2025 година. Досега воведоа квантни процесори со 127 кјубити. Во средината на минатата година американската компанија го претстави својот најсилен европски квантен компјутер IBM Quantum System One, кој се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија на IBM во Ехинген во близина на Штутгарт. За неговата важност доволно говори и фактот што за неговото претставување сведочеше и тогашната канцеларка Меркел.
Покрај IBM, големи планови има и Google, кој сака да изгради компјутер со еден милион кубити до крајот на деценијата.