50% попуст на месечна претплата за интернет и ТВ во првите 12 месеци
А1 Македонија со големо задоволство најавува збогатена понуда во конвергентното, A1 Combo портфолио со кое корисниците ја добиваат најдобрата комбинација на конвергентни услуги кои овозможуваат мобилни услуги, интернет и телевизија на фиксна локација и тоа по најповолни услови.
Со најновата A1 Combo понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе го продолжат постечкиот договор, имаат единствена можност да добијат А1 Combo со супер брз интернет и можност за следење на ТВ канали преку интерактивната телевизија од новата генерација А1 Xplore TV со најквалитетна ТВ слика со неверојатен попуст од 50% на месечната претплата и тоа за цели 12 месеци. Дополнително, со додавање на мобилни линии во пакетот корисниците добиваат можност за избор на Samsung Smart или Philips Smart телевизор за 199 денари месечнa рата.
“Посветено креираме продукти со кои ги пресретнуваме потребите на корисниците за неограничена комуникација и ја лансираме несомнено најдобрата досега A1 Combo понуда преку која ги реализираме ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација преку најсовремена мрежа со најповолни услови. Нудиме можност корисниците да заштедат и да добијат уште повеќе комуникација и повеќе забава за своето семејство. Уште еднаш преку новата понуда ја демонстрираме нашата посветеност кон реализирање на стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за нашите корисници”, изјави Методја Мирчев, Извршен директор во А1 Македонија.
Повеќе информации за септемвриската промоција можете да најдете на www.a1.mk