Иако до претставувањето на Samsung Galaxy S23 серијата има уште многу време, веќе се појавија некои информации за овие уреди. Повеќето информации се за Galaxy S23 Ultra, а сега пристигнаа нови од добро познат дојавувач.
Samsung Galaxy S23 Ultra ќе пристигне следната година како директен наследник на минатогодишниот флегшип Galaxy S22 Ultra. S22 Ultra годинава донесе драстична промена во дизајнот во однос на S21 Ultra, но се чини дека Galaxy S23 Ultra нема да добие дизајнерска промена.
Ice Universe сега известува дека Galaxy S23 Ultra ќе пристигне со истиот дизајн како и Samsung Galaxy S22 Ultra. Поточно, тој наведува дека ова сигурно ќе биде случај со дизајнот на задните камери, но има неколку други области каде што би можело да има промени во дизајнот, бидејќи речиси сигурно нема да има предна камера под екранот. Сепак, истиот инсајдер пред неколку дена сподели извештај, во кој се наведува дека целокупниот дизајн на Galaxy S23 Ultra ќе биде идентичен со Galaxy S22 Ultra.
Претходните информации за Galaxy S23 Ultra се однесуваа на новиот сензор за отпечатоци. Имено, се вели дека Galaxy S23 Ultra ќе пристигне со 3D Sonic Mac сензор за отпечатоци на Qualcomm, што ќе биде подобрување во однос на оној што се наоѓа кај Galaxy S22 Ultra.
Овој сензор може да се пофали со уште поголема брзина во споредба со претходникот, како и поголема површина за скенирање. Споменатиот сензор веќе го користат Vivo X80 Pro и iQOO 9 Pro уредите, а при тестирањето на Vivo X80 Pro бевме импресионирани од точноста и брзината на скенерот за отпечатоци кај овој смартфон.