Откажувањето од пушење е најдобриот начин да се намали ризикот од болести поврзани со пушењето, како што се развој на одредени видови на карцином, кардиоваскуларни болести и емфизем на белите дробови. Покрај ова, чадот од цигарите ги обојува и забите, предизвикува лош здив и стареење на кожата. Никотинот е најпозната молекула во тутунот. Токму поради ова, разбирливо е зошто луѓето погрешно ги поврзуваат сите опасности од пушењето со никотинот.
Никотинот е супстанца која предизвикува зависност и која главно се наоѓа во растението тутун. Во билките функционира како инсектицид, за труење на инсектите кои пробуваат да ја јадат билката. Луѓето, меѓутоа, имаат многу различни ефекти од никотинот, кој ги стимулира или ги прави побудни, а поради тоа се поопуштени. За жал, никотинот предизвикува голема зависност. Колку некој повеќе го користи, толку повеќе копнее по неговите ефекти. Поради тоа е се потешко и потешко да престане да се користи.
Кога телото е изложено на никотин, индивидуата доживува стимул. Ова делумно е предизвикано од ефектот што никотинот го има на надбубрежните жлезди, што резултира со ослободување на адреналин. Овој наплив на адреналин го стимулира телото. Постои непосредно ослободување на гликоза, како и зголемување на отчукувањата на срцето, дишењето и крвниот притисок.
Луѓето го внесуваат никотинот на многу начини. Многумина го вдишуваат преку чадот или пареата од цигарите, луле, наргиле или е-цигари. Други пак го џвакаат во тутунот за џвакање. Оние кои пробуваат да го остават пушењето користат никотински гуми или фластери за кожа, кои даваат помала доза на никотин, што би можело да помогне полесно да се откажат од пушење.
Истражувањата на оваа тема, но и науката докажуваат дека најголемиот виновник за развојот на болести предизвикани од пушењето е чадот од тутунот, а не никотинот како што досега се тврдеше. Спроведените студии говорат дека алтернативните тутунски производи помагаат во промените. Пушачите треба да знаат дека постои и друг начин за да престанат со консумирањето на традиционални цигари, или, пак, барем да ги намалат здравствените ризици на кои се изложени. Истражувањата покажуваат дека и хигиената е една од главните мотивации за луѓето да се префрлат од цигари на алтернативни тутунски производи, бидејќи чадот од тутунот предизвикува непријатен мирис кај корисникот.
Пушачите треба да имаат пристап до точни информации за производите што содржат никотин. Посебно треба да се истакне фактот дека никотинот не е основна причина за штетата од цигарите и дека постојат заменски производи што содржат никотин, кои можат да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето. Никотинот не е единствената причина зошто луѓето пушат цигари, а откажувањето го отежнуваат ритуалот, сензациите поврзани со пушењето, како и последиците од откажувањето. Се разбира дека откажувањето е секогаш најдобра опција и никогаш не е доцна да се престане со пушење, но за оние возрасни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, постојат подобри алтернативи од цигарите, производи без чад на кои можат целосно да се префрлат.
Електронските уреди, како IQOS се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чад и катран, туку аеросол кој, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички, е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух,. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот. За да можат пушачите да преминат од цигари на тутунски алтернативи без чад, овие производи треба да содржат никотин, со цел да ја задоволат потребата за истиот и да бидат прифатливи во поглед на сензорното искуство.