Прикажувањето на реклами во апликацијата Outlook може да се избегне со претплата на Microsoft 365 Personal или Family. Корисниците со моментна претплата нема да ги гледаат рекламите.
Претходно Microsoft за корисниците на бесплатната верзија на Outlook прикажуваше реклами само во табот Other, но сега ги додава и во табот Focused, кој содржи важни мејлови.
Промената дојде во текот на изминатите неколку месеци, кога Microsoft почна да прикажува повеќе реклами во мобилната верзија на апликацијата Outlook за iOS и Android, пренесува The Verge.
Рекламите се појавуваат на горниот дел од екранот на сандачето и изгледаат како вистинска е-пошта, што ги збунува корисниците. Слично на тоа, Microsoft и Google прикажуваат реклами во веб верзиите на Outlook и Gmail. Со кликнување на рекламата, таа се отвора во вградениот (во апликација) прелистувач.
The iOS @Outlook app shows me ads that look like emails now, get the fuck outta here @Microsoft pic.twitter.com/o6dSIY85Yt
— Nick Smith (@yonicksmith) August 16, 2022
Рекламата може да се отстрани со повлекување со прстот преку неа, иако веднаш ќе се појави нова реклама на местото на отстранетата. Единствениот траен начин за отстранување реклами е да се претплатите на Microsoft 365 Personal или Family.