Претстојниот пакет на Netflix е наменет за оние корисници на кои не им пречат рекламите додека гледаат филмови и серии
Претстојниот пакет за претплата на Netlfix поддржан од реклами може да чини помеѓу 7 и 9 долари месечно. Бидејќи станува збор за цената на американскиот пазар, каде цените на сегашните пакети се движат меѓу 9,99 и 15,49 долари, крајната сума би требало да биде уште помала во Македонија.
Да потсетиме, коизвршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос, на крајот на јуни го потврди воведувањето на евтин пакет за рекламирање, а набргу потоа беше откриено дека нивен партнер за рекламирање ќе биде Microsoft. Покрај тоа што ќе имаат реклами, корисниците на претстојниот евтин пакет нема да можат да гледаат офлајн содржини.
Како што дознава Bloomberg, Netflix ќе прикажува приближно четири минути реклами на час, пред или за време на содржината. Исклучок ќе бидат содржините за деца и филмови од нивната оригинална продукција, кои ги има во голем број.
Иако официјалниот датум на објавување на евтиниот рекламен пакет сè уште не е познат, анонимни извори изјавија за Bloomberg дека Netflix ќе го објави на шест пазари веќе во последниот квартал од оваа година, додека сите ќе го добијат на почетокот на 2023 година.
Сепак, портпаролката на Netflix, Кумико Хидака, изјави за The Verge дека ова се шпекулации во овој момент, наведувајќи дека компанијата сè уште е во првите денови на одлучување како да го лансира пакетот за претплата со ниска цена. Конечните одлуки, вели, се уште не се донесени.