Бидејќи многу корисници на паметни телефони на преклоп се загрижени за нивната издржливост, Samsung одлучи да покаже низ какви тестови поминуваат нивните нови модели Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4.
На почетокот на август, Samsung ги претстави Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4, својата нова генерација на смартфони на преклопување. Заедно со некои козметички промени и нешто посилен хардвер, новите модели доаѓаат и со подобрена издржливост во споредба со нивните претходници.
На YouTube каналот на Samsung оваа недела се појави видео, на кое се прикажани сите ригорозни тестови низ кои поминуваат нивните нови флексибилни уреди. При тестирањето е опфатено навистина сè – од тестирање на безжичното полнење и отпорност на вода, па сè до склопување и расклопување.
За потсетување, Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4 ги покренуваат Snapdragon 8+ Gen 1 чипови, доаѓаат со подобри камери во споредба со минатогодишните модели и потенок дизајн. Fold има бројни карактеристики за продуктивност, што го прави повеќе наменет за деловните корисници, додека новиот Flip, со својот дизајн и бројните комбинации на бои, цели на помлада публика.
Овие уреди се достапни по препорачана цена за Z Fold4 од 107.999 денари и Galaxy Z Flip4 од 64.999 денари.