Пристигнуваат многу малку информации за новиот производ на Apple, кој би требало да го отвори светот на проширена и виртуелна реалност и да го спои со постоечкиот екосистем
Следната голема работа од работилницата на Apple најверојатно ќе биде AR/VR уредот на компанијата. За тоа се пишува буквално со години, но во Apple како и обично се таинствени и не откриваат ништо пред официјалното претставување. Тоа може да се случи во наредните месеци, а најрано таков производ би можел да се најде во продажба во текот на следната година.
Засега не се знае многу за системот на проширена и виртуелна реалност на Apple, освен што можеше да се дознае од разните „протекувања“ или предвидувања на аналитичарите. Според овие информации, уредот би бил тесно поврзан со iPhone, првично би чинел меѓу 2.000 и 2.500 долари, а би работел на сопствен оперативен систем. Една од првите информации што беше „ископани“ во изворниот код беше името на платформата: realityOS или rOS.
Reality One
По оваа информација деновиве стигна уште една потврда. Имено, Apple има регистрирано неколку поврзани имиња, за кои се верува дека може да бидат и комерцијално име на новата производна линија. Имињата „Reality One“, „Reality Pro“ и „Reality Processor“ се регистрирани во службите за регистрација на заштитени имиња во САД, Обединетото Кралство, Канада, Австралија и неколку други земји.
Интересно е што Apple ги регистрирал преку тајна надворешна компанија Health Solutions, со цел да сокрие дека се работи за нивни производи. Но, Bloomberg открива дека истата компанија која е сопственик на Health Solutions, Corporation Trust, ги има и правата на името realityOS. Ова, според нив, покажува дека Apple има регистрирано повеќе различни ентитети за да ги покрие своите траги.
‘Reality Pro’ and ‘Reality One’: Trademark filings suggest that Apple may have staked out potential names for its new mixed-reality headset https://t.co/KYGOvV6h7T
— Bloomberg (@business) August 28, 2022
Reality One би можело да биде името на основните AR/VR очила, Reality Pro веројатно би била нивната понапредна верзија, додека Reality Processor веројатно се однесува на чипсетот што ќе управува со целиот систем.
За потсетување, Apple следната недела ќе ја претстави новата iPhone 14 серија, а веројатно и новите Apple Watch модели и некој друг освежен уред. Речиси никој не очекува дека на истиот настан ќе стане збот за уредите за прширена и виртуелна реалност.