Google со овој SDK ги нуди алатките што им се потребни на програмерите за да ги направат нивните апликации да работат добро на уредите со Android и другите уреди што немаат Android, без разлика дали се работи за мобилни телефони, телевизори или автомобили.
Прв пат најавен во тек на на конференцијата Google I/O ’22, компанијата го објави својот Cross device SDK, чија цел е да им олесни на програмерите да креираат апликации за Android за повеќе платформи со поврзување меѓу различните уреди.
Овој едноставен и интуитивен сет на API би требало да им овозможи на програмерите три клучни работи: откривање уреди во близина, воспоставување безбедна врска помеѓу уредите и обезбедување на исто искуство со користење на апликации на повеќе уреди.
Според Google, Cross device SDK користи Wi-Fi, Bluetooth и UWB (ултра широк опсег) за да овозможи поврзување со повеќе уреди.
Во најавата се наведени неколку сценарија во кои овие карактеристики би можеле да бидат од корист. Тоа може да биде споделување податоци од апликацијата на еден Android уред со истата апликација на друг уред или покренување на апликација на секундарен уред без потреба апликацијата да работи во позадина. Ова ќе му овозможи на корисникот да започне некои задачи на еден уред и да ги продолжи на друг. Сето тоа преку воспоставување безбедна врска за меѓусебна комуникација на уредите. Покрај тоа, дури и патниците во автомобилот би можеле да споделат одредена локација на мапата со системот за навигација на возилото, пренесува The Verge.