NASA ги одбројува часовите до првото лансирање на својата нова огромна ракета за Месечината, наречена Space Launch System (SLS). Таа треба да полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во 14:33 часот по македонско време, но тоа во голема мера ќе зависи од временските услови, кои се доста променливи во Флорида. Лансирањето може да се следи ВО ЖИВО.
SLS е најмоќното и најсложено летало дизајнирано од NASA досега и ќе биде основа на проектот „Артемис“, кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 години пауза. Новите мисии на Месечината треба да почнат најрано во 2025.
Задачата на SLS ќе биде да ја однесе тест-капсулата „орион“ далеку од Земјата. Ова вселенско летало, во кое место астронаути ќе бидат три кукли опремени со сензори, ќе кружи околу Месечината, пред да се врати на Земјата за шест недели, кога треба да падне во Тихиот Океан. Ова се очекува на 10 октомври.