Европската комисија уште во 2018 година ја казни американската компанија Qualcomm со многу висока сума поради тоа што компанијата му плаќала на Apple да ги користи нивните LTE чипови. На овој начин, според европските истражители, Qualcomm обезбедил водечка позиција на пазарот, а сомнителните активности траеле од 2011 до 2016 година. За да не избере друг снабдувач на LTE опрема, Apple наводно добил милијарди долари, со што значително била оштетена конкуренцијата на Qualcomm.
По четири и пол години, Општиот суд на Европската унија ја прифати жалбата на американската компанија. Во јуни годинава беше донесена одлука дека првостепената постапка не била правилно водена од процедурална страна и затоа Qualcomm нема право на достојна одбрана, предвидена со законите. Покрај тоа, судот заклучил дека анализата на Европската комисија за плаќањата на Qualcomm кон Apple не ги земала предвид сите релевантни факти. Врз основа на овие пропусти, пресудата е поништена, а обвинетиот американски производител на чипови нема да мора да ја плати ниту сумата од 997 милиони евра, колку што утврди Комисијата.
EXCLUSIVE Win for Qualcomm as no EU appeal court ruling against $991 mln fine – sources https://t.co/vYy3FL1ah7 pic.twitter.com/YINRnWG68q
— Reuters (@Reuters) August 29, 2022
По оваа одлука се очекуваше дополнителен процес на жалби и повторени постапки, но како што сега дознава Reuters тоа нема да се случи. Во Европската комисија заклучија дека ќе им биде многу тешко да добијат судски спор по двете спорни точки, па затоа – се откажаа од жалбата, а со тоа и од враќањето на речиси милијарда евра од Qualcomm.
„Дури и да успее Комисијата со жалба да ја поништи фактичката основа на оваа постапка, таквата победа би била пирova, бидејќи нивната одлука за казнување секако би била укината по процедурална основа, а во таа област Комисијата изгледа слаба“, изјави зa Reuters, правниот експерт Петер Алексијадис.
По овој судски пораз, Комисијата ја очекува уште една значајна и финансиски тешка битка. Се очекува дека на 14 септември Општиот суд на ЕУ ќе ја донесе својата пресуда и за случајот со казната од 4,34 милијарди евра, што ЕК му ја изрече на Google за слично однесување – поместување на конкуренцијата со фаворизирање на сопствените услуги во рамките на оперативниот систем Android.