AMD тврди тврди дека Zen 4 архитектурата обезбедува 13% подобри перформанси во однос на претходникот, со зголемување на фреквенцијата и брзината на едно јадро за 29 проценти.
За време на годинешниот саем Computex во Тајпеј, компанијата AMD најави неколку новитети и подобрувања кои ќе ги донесе наследникот на сеуште актуелната архитектура Zen 3. На презентацијата на компанијата дознавме дека секој од моделите ќе има интегрирана графа на себе, како и дека поради новото AM5 подножје, на идните корисници ќе им требаат нови плочи. Како што порачуваат од компанијата, овој стандард ќе остане актуелен минимум до 2025 година, а најверојатно и после тоа. За конкретни ознаки, почеток на продажбата и што е далеку поважно цените досега не стана збор.
Од вчера беа обелоденети и овие парчиња од сложувалката. Производителот тврди дека Zen 4 архитектурата обезбедува 13% подобри перформанси во однос на претходникот, со зголемување на фреквенцијата и брзината на едно јадро за 29 проценти. Покрак тоа, зголемена е и потрошувачката на струја. Врвот на опсегот е Ryzen 9 7950X, со 16 физички и 32 логички јадра, а неговото „дно“ е Ryzen 5 7600X (6/12). Овој конкретен модел успешно се натпреваруваше со процесорот Core i9 12900K на Intel. Изведбата беше слична, со тоа што едниот чини 300 долари, а другиот 650 долари. Поен за Црвените, ако може да им се верува на тестовите… Тоа е воедно и главниот адут на AMD веќе неколку години. Цените на новиот Ryzen во голема мерка се исти како и нивните врсници од претходната серија.
Во новата Ryzen 7000 серија на десктоп процесори достапни се четири модели со следните карактеристики и цени:
Model | Cores/Threads | Boost/Base Frequency | Total Cache | PCIe® | TDP | SEP (USD) |
AMD Ryzen 9 7950X | 16C/32T | Up to 5.7 / 4.5 GHZ | 80MB | Gen 5 | 170W | $699 |
AMD Ryzen 9 7900X | 12C/24T | Up to 5.6 / 4.7 GHZ | 76MB | Gen 5 | 170W | $549 |
AMD Ryzen 7 7700X | 8C/16T | Up to 5.4 / 4.5 GHZ | 40MB | Gen 5 | 105W | $399 |
AMD Ryzen 5 7600X | 6C/12T | Up to 5.3 / 4.7 GHZ | 38MB | Gen 5 | 105W | $299 |
Заедно со новите X670 и X670 Extreme чипсети, тие ќе се појават на светскиот пазар на 27 септември, додека подостапните B650 и B650 Extreme треба да се очекуваат еден месец подоцна.