Компанијата Мета сериозно одлучи да ги воведе NFT во секоја пора на своите платформи, а за тоа сведочи и тивката презентација на најновата функционалност наречена „cros-posting of NFTs“. Како што пренесува PCMag, оваа нова можност треба да го олесни споделувањето на делови од вашата ценета колекција на незаменливи токени на повеќе социјални мрежи одеднаш.
Компанијата Meta без многу помпа им овозможи на корисниците на своите социјални мрежи Instagram и Facebook истовремено да ги прикачуваат своите дигитални колекционерски предмети на двете горенаведени платформи. Според компанијата, „таквата функционалност ќе им овозможи на корисниците да ги поврзат своите дигитални паричници само еднаш со која било од овие апликации, за да можат да ги споделат на која било платформа што ја сакаат“.
Во суштина, овој потег ќе им овозможи на корисниците на Instagram и Facebook полесно да ги споделуваат своите NFT колекции со своите пријатели. Во моментов, оваа функционалност е достапна само за корисниците во Соединетите Американски Држави.