За сума што некој ја платил за неотворениот прв iPhone, можно е да се купат околу 32 нови iPhone 13 Pro Max уреди или дури три нови Dacia Sandero автомобили.
Неотворен модел на првата генерација на iPhone е продаден на RR аукција во САД за дури 35.414 долари. Станува збор за моделот A1203, кој доаѓа со 8 GB внатрешна меморија.
Apple ја лансираше првата генерација на iPhone во 2007 година со почетна цена од 499 долари и благодарение на бројните новитети, уредот означи голема пресвртница во историјата на смартфоните и стана еден вид трендсетер.
SOLD! Apple iPhone (First Generation, Sealed)
This new-in-box example of the original #iPhone sold for $35,414 @RRAuction . https://t.co/3sCllEkAvo#Apple #Stevejobs #history#Consign #RemarkableResults pic.twitter.com/bPSP6EdOJk— RR Auction (@RRAuction) August 19, 2022
И покрај тоа, сепак се работи за смартфон стар 15 години, кој може да се најде на разни онлајн огласи веќе по цена од околу 100 долари. Но, она што го натера некој да издвои над 35.000 долари за првиот iPhone беше токму неговата неотворена состојба.
Според фотографијата на iPhone објавена од аукциската куќа RR Auctions, пакувањето е целосно недопрено, вклучувајќи ја дури и надворешната пластична обвивка. На просечен корисник можеби тоа не му значи ништо и веднаш би го заменил за новиот iPhone 13 Pro Max, но за колекционерите очигледно е друга приказна.