Американскиот стартап Throne Labs сака да го подобри искуството на користење на преносните тоалети со користење на дигитални технологии и обновливи извори на енергија
Сегашните искуства „смрдат“, а секој има право на чист тоалет – тоа е мотото на американскиот стартап Throne Labs. Нивниот производ е сосема поинаква мобилна тоалетна кабина, збогатена со современи технологии, кои имаат за цел да ја реализираат визијата и да донесат подобро искуство за сите работници на теренот, посетителите на разни фестивали и обичните шетачи во градските паркови.
Технологија и нужда
Throne (во превод трон) го претстави својот „престол“, подвижен тоалет кој може да се постави насекаде, не бара никакви приклучоци на вода, канализација или струја, а би требало да биде далеку почист од постоечките решенија. Пред се, оваа кабина се напојува од сопствени фотоволтаични ќелии на покривот, а се што и е потребно за работа го има веќе инсталирано.
За влез во Throne се користи паметен телефон, па вратата се отвора со скенирање на QR код. Потоа, корисникот добива порака дали кабината е бесплатна или не. Ако е бесплатна, вратата е отклучена. По „завршената работа“ и излегувањето од кабината, ќе добиете порака на смартфонот со опција за проценка на чистотата на состојбата пронајдена во кабината.
Оценувањето служи врз основа на оценките на корисникот, да се заклучи кој од претходните корисници ја извалкал кабината – така што на посетителите на мобилниот тоалет може, како на апликацијата Uber и слично, да им се доделат оценки за хигиенските навики. На оние кои ќе заработат лоши оценки, или постојано ќе бидат „фатени“ како оставаат неред, во иднина ќе им биде забрането да го посетат Throne.