На YouTube каналот JerryRigEverything се појави тест за издржливост на неодамна претставениот смартфон на преклоп Samsung Galaxy Z Fold4. Се работи за обемен и донекаде екстремен тест, кој новиот Fold конечно го помина.
YouTube блогерот Зак Нелсон, попознат како JerryRigEverything, го доби новиот Galaxy Z Fold 4 и ја тестираше неговата издржливост на свој традиционален начин.
Треба да се напомене дека конструкцијата и структурниот интегритет на Z Fold4 е на исто ниво како и минатогодишниот Z Fold3. Тоа значи дека новиот Fold доаѓа со IPX8 водоотпорен сертификат и дека внатрешниот екран се уште е заштитен со пластика.
Меѓутоа, заштитата на надворешниот екран претрпе промена. Имено, новиот флексибилен флегшип на Samsung однадвор има Gorilla Glass Victus Plus, а не обичниот Victus. Сепак, тоа не помогна многу при тестот на Зак, така што гребнатини на надворешниот дисплеј се појавуваат на шестото ниво на Мосовата скала на цврстина.
Од друга страна, внатрешниот екран поради својата структура и натаму е мек, при што остануваат трајни траги на него, доколку се притисне премногу силно со ноктот, па оштетувањата се појавуваат веќе на второто ниво на мосоквата скала за цврстина. Samsung дурим и предупредува на ова при првото вклучување на паметниот телефон.
Откако го изгреба куќиштето со скалпел, Зак го потопи во вода Galaxy Z Fold4 во ситен чакал и прашина и неколку пати го склопи и расклопи. Иако новиот преклопен уред на Samsung нема официјален сертификат за заштита од прашина, тестот на Зак покажа дека ќе преживее без проблеми доколку, на пример, падне во песок на плажа или слично.
Врв на овој тест за издржливост е дефинитивно свиткувањето на уредот. Додека Galaxy Z Fold4 беше склопен, Зак воопшто не можеше да го свитка. Меѓутоа, при отворањето на телефонот дојде до мало свиткување, но ништо не се скрши, што Зак го пофали и потврди дека новиот смартфон на Samsung на преклопување го „преживеал“ неговиот тест.