На IFA 2022 саемот во Берлин ќе бидат претставени масивниот 136-инчен LG 4K Micro LED (3,840 x 2,160) и LG OLED evo Gallery Edition 97G2.
Сите сакаат да ја гледаат омилената мултимедијална содржина на најголемиот можен екран. И додека некои купуваат проектор со кој можат да проектираат слика на ѕидот, други се сепак посклони да купат голем телевизор.
LG Electronics објави дека наскоро ќе започне продажбата на најголемиот OLED телевизор во светот, LG OLED evo Gallery Edition, моделот 97G2.
Станува збор за модел кој има екран со дијагонала од 97 инчи или речиси два и пол метри и ја користи самоосветлената OLED технологија на LG. Тоа е технологија која овозможува поединечни пиксели да се вклучуваат и исклучуваат за да репродуцираат совршена црна боја, неверојатно природни бои и бесконечен контраст.
Се карактеризира со OLED evo технологија, α (Alpha) 9 Gen5 AI процесор и напредни алгоритми за прикажување кои носат реални слики и искуство на гледање како во кино. Телевизорот го има LG Gallery Design, кој го става на исто ниво со ѕидот.
LG ќе го претстави новиот модел 97G2 на IFA 2022 во Берлина како дел од својата проширена линија на премиум телевизори, со OLED, Micro LED и QNED ТВ серии на модели.
Посетителите на саемот ќе можат да ја видат линијата на 8K телевизори на LG – 88-инчниот LG SIGNATURE OLED 8K (модел 88Z2) и 86-инчниот QNED телевизор (модел 86QNED99). Двата ултра големи модели комбинираат големина, острина од 8K (7680 x 4320) резолуција и најновата технологија за прикажување на LG. Со повеќе од 33 милиони самоосветлени OLED пиксели, 88Z2 испорачува исклучителни детали, со длабока црна боја, бесконечен контраст и реални бои преку широкиот агол на гледање. Моделот 86QNED99 е опремен со технологиите на LG Quantum Dot NanoCell и Precision Dimming за остри, живописни слики на импресивен екран од 86 инчи.
Во Берлин ќе биде изложен и масивниот 136-инчен 4K Micro LED на LG (3.840 x 2.160), иновативно решение за домашна забава што обезбедува квалитет на сликата, комбинирајќи микрометарски самоосветлени пиксели и модуларен дизајн.