Да се има моќ да се подобри животот на другите е привилегија што доаѓа со сопственото чувство на одговорност. Оттаму, хуманоста и донирањето е одличен начин да ги зајакнеме нашите лични и корпоративни вредности и со тоа да живееме на начин кој е верен на нашите сопствени етички убедувања.
Црвениот Крст е организација која постои токму со цел да помогне онаму каде што е најпотребно и истото го прави успешно веќе долги години. Притоа во ова секако има помош и од општествено одговорни компании кои со донации помагаат да се реализираат зацртаните цели.
Во изминатите неколку години Црвен Крст успешно ја реализира својата цел со огромна помош од Жито Лукс кои се покажаа како вистински партнер на Црвениот Крст, со редовни донации и помош онаму каде што е најпотребно.
„Нашата примарна цел е да помогнеме онаму каде што е најпотребно, а во тоа наш несебичен и верен партнер е Жито Лукс. Живееме во време каде на многу луѓе, семејства им е потребна помош за основни услови за живот, пред сѐ прехранбени производи, што е особено изразено после пандемијата и во време на актуелната криза. Сè повеќе семејства сè потешко се справуваат со предизвиците на денешницата, а наша морална обврска е да им помогнеме, за што секогаш се тука и Жито Лукс. Неизмерно сме им благодарни на нашите долгогодишни партнери кои во изминативе години постојано се дел од нашите обиди да го подобриме животот на другите“, велат од Црвен Крст.
Оваа година, Жито Лукс помогна и во реализација на летниот камп „Сите сме исти 3“ во Ливадиште, Струга, преку кој континуирано се дава поддршка во воспитно-образовниот процес, се подобрува социјализацијата на деца и млади лица со попреченост, деца од социјално-загрозени семејства, деца со општи и специфични потешкотии во учењето, а исто така и помош и голема поддршка на деца од еднородителски семејства.
Во месец јули, Жито Лукс беше дел и од организацијата на едукативниот камп за млади насловен „Комуникациски вештини, тим и тимско работење“ во Охрид кој имаше за цел да регрутира волонтери кои во иднина би помагале во хуманитарни пунктови и би биле ангажирани во активностите на Црвениот крст.
Жито Лукс е компанија која редовно практикува корпоративна општествена одговорност и има за цел да ја подобри заедницата во која работи. Донирањето е форма на саморегулација што ја одразува одговорноста и посветеноста на бизнисот да придонесе за благосостојбата на заедниците и општеството.