И покрај тоа што е 2022 година, многу институции ширум светот сè уште бараат нивните податоци да се доставуваат на застарени физички медиуми. Нешто изненадувачки, а една од нив е Јапонија
Јапонскиот министер за дигитализација објави војна на дискетите и другите застарени технологии кои сè уште се користат во администрацијата.
„Околу 1.900 владини процедури и натаму се спроведуваат со помош на уреди за складирање, цедиња и минидискови. Регулативите ќе бидат ажурирани за да им се овозможи на луѓето да користат онлајн услуги“, кажа министерот Таро Коно.
Иако се познати по иновативни напредни уреди, Јапонците во исто време и натаму користат застарени технологии во канцелариската работа.
Digital Minister declares a war on floppy discs.
There are about 1900 government procedures that requires business community to use discs, i. e. floppy disc, CD, MD, etc to submit applications and other forms. Digital Agency is to change those regulations so you can use online.— KONO Taro (@konotaromp) August 31, 2022
Флопи-дисковите беа создадени на крајот на 1960-те, но излегоа од мода три децении подоцна со појавата на многу поефикасни солуции за складирање. Така, денес се потребни 20.000 дискети за да се складираат информации што ги собира едно УСБ со меморија од 32 гигабајти.
Јапонската влада вели дека открила 1.900 области во кои што работата мора да се заврши со уреди за складирање, како дискети. Кано ја критикуваше земјата што и натаму во голема мера се потпира на застарена технологија.
„Имам намера да ги укинам факс машините. А, што се однесува до дискетите, каде тие воопшто се продаваат овие денови?“, истакна Кано.