Заедно со импресивниот ThinkPad X1 Fold, Lenovo додаде и нов лаптоп во ThinkBook серијата , која е наменета за бизнис. ThinkBook 16p Gen 3 вклучува AMD Ryzen 9 6000 H-series процесори и NVIDIA GeForce RTX 3060 графика за да обезбеди високи перформанси со Windows 11.
Импресивниот 16-инчен 2,5K IPS дисплеј со тенки рамка има TÜV Rheinland Low Blue Light и TÜV Eyesafe сертификати за максимална удобност на очите и сензор за сина светлина што ја прилагодува осветленоста на екранот и осветлувањето на тастатурата. Уредот е достапен во две варијанти на екранот – сегашниот панел од 60 Hz со 400 нита осветленост и новиот VESA Certified HDR400 панел со 500 нита осветленост и до 165Hz освежување, двете опции се X-Rite Pantone сертифицирани и поддржуваат Dolby Vision.
Процесорската моќ на AMD Ryzen 6000 и NVIDIA GeForce RTX им помага на корисниците да се справат со најтешките предизвици на хибридната работа во комбинација со до 32 GB двоканална LPDDR5 меморија, до 2 TB SSD и батерија од 71 Wh. ThinkBook 16p Gen 3 поддржува Wi-Fi 6 и има две USB Type-C портови, вклучувајќи еден USB 4, два USB-A 3.2 Gen 2 и HDMI 2.1. Другите карактеристики вклучуваат копче за вклучување со вграден скенер за отпечатоци од прсти и Full HD IR камера.