Компанијата Лимак, која го гради модерниот мултифункционален комплекс „Diamond of Skopje“ во центарот на главниот град, годинава повторно напредуваше на листата најдобри градежни компании во светот што традиционално ја прави „Engineering News Records“. Според оваа престижна листа на вкупно 250 најдобри во светското градежништво, Лимак годинава го зазеде 50-то место според присуството на интернационалните пазари. Со тоа Лимак напредуваше за шест места во однос на минатата година, а дури 17 места споредено со 2019, кога на истата листа беше 67-ма.
Во моментов, Лимак има активни градежни проекти во Азија, Африка и во Европа, меѓу кои е и комплексот во Скопје.
Куртхан Апајдин, главниот извршен директор на Лимак Скопје, искажувајќи ја гордоста за новото напредување на Лимак, истакна: „Ова е признание за деловниот успех и деловната култура на Лимак насекаде каде што сме присутни, но и потврда за бескомпромисната примена на највисоките стандарди, безбедноста и квалитетот на објектите што ги градиме. Посебно сме среќни што овие предности на Лимак се препознаени и од граѓаните на Скопје и што тие наскоро ќе можат да ги користат предностите на квалитетното модерно живеење, работа, престој и забава во комплексот `Diamond of Skopje`“.
Мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“е сместен во строгиот центар на главниот град. На површина од 325.000 квадратни метри се градат четири резиденцијални објекти со дополнителен деловен простори 3.200 места за паркирање, современ трговски центар и голема подземна сообраќајница која ќе го спојува источниот со западниот дел од градот. Комплексот ќе има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење. Дел од комплексот е и хотелот со пет ѕвездички „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој успешно работи повеќе од една година. Вкупната инвестиција во комплексот е во висина од 250 милиони евра.
Групацијата „Лимак“ со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (Istanbul Grand Airport), мостот Дарданели (Чанаккале) 1915, кој е најдолгиот висечки мост во светот, меѓународниот аеродром во Кувајт, браната на хидроцентралата Јусуфели, која откако ќе биде завршена ќе биде трета по големина во светот, како и многу други градежни потфати.