Со пакетче училиштен прибор и Бонтон за деца, слончето Халки им посака топло добредојде на над 3.000 првачиња кои денеска првпат седнаа во училишните клупи. Целта на оваа активност, која се спроведе во 50 училишта низ целата држава, е првоодделенците преку илустриран бонтон, прилагоден за нивна возраст, да ги научат основните правила за добро однесување на училиште. Дополнително, Халки на првачињата им подари основен прибор за почеток на учебната година, упатувајќи порака за еднаквост, солидарност и заедништво. „Среќно прваче“ втора година по ред се спроведува со поддршка на Халкбанк АД Скопје и нивниот симбол на детското штедење, Халки.
„Децата и нивното (не)формално образование, инклузијата и екологијата се столбови на нашата политика за општествена одговорност и особено сме среќни што и овојпат нашиот Халки им посака „среќен почеток“ на првачињата. Едукацијата за добро однесување на училиште преку илустриран бонтон ќе им помогне на првачињата полесно да се прилагодат на новата средина, која отсега за нив ќе биде втор дом. Втора година по ред го поддржуваме проектот „Среќно прваче“, бидејќи веруваме дека децата и нивниот правилен развој се клучни за иднината на заедницата во која сите живееме“, истакна Билал Суџубаши, Главен извршен директор во Халкбанк АД Скопје, поздравувајќи ги првачињата во ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје. Суџубаши, заедно со претседателот Стево Пендаровски беше гостин и во ОУ „Кирил и Методиј“ во Центар.
Општествено-одговорните компании и нивниот однос кон образованието се важни, бидејќи нивната поддршка значи материјална помош и за семејствата, порача градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски. Благодарност за целата иницијатива упати и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.
„Среќно прваче“ се спроведува во шест општини низ целата земја и како едукација на непосреден и креативен начин. Имено, Бонтонот за деца содржи интересни и корисни совети за тоа како треба да се однесуваат учениците со своите другари на училиште, како да се грижат за инвентарот, за училишниот двор, за личната и заедничката хигиена. Изданието е збогатено со илустрации со слончето Халки, симболот на детското штедење на Халкбанк АД Скопје и верен пријател на сите деца.
Халки е поддржувач на здравите и убави навики кај најмладите, како подигнувањето на еколошката свест, читањето книги, развивањето различи таленти и креативност, инклузијата и прифаќањето.
Слончето има своја мисија во која сите деца се важни, а ги промовира своите вистински идоли, односно талентираните деца од нашата земја кои во различни области постигнуваат светски успеси. Халки патува во секое село, град да ја реализира својата мисија за развој на креативноста кај децата, но и достапноста до неформална едукација за сите нив. Преку „Сликовницата на Халки“ ги поддржува децата од СОС Детското Село, бидејќи целата сума од продажбата на ова издание е наменета токму за нив.