Просечните корисници на компјутери, таблет уреди или паметни телефони честопати отвораат кориснички сметки за различни услуги додека се на интернет.
Без разлика дали станува збор за купување, користење на социјални мрежи, луѓето отвораат различни форми на сметки, од кои некои се привремени, бидејќи биле неопходни за еднократна акција, додека има и такви кои се постојани и тоа се обично веб-локации кои често ги користиме.
Треба да се напомене дека некои сметки имаат повисок степен на важност во споредба со други, како што е сметка на Google, или сметка за банкарски услуги и парични трансакции при онлајн купувања каде што треба да ги внесеме информациите што се наоѓаат на банкарската картичка.
Во повеќето случаи, корисниците го доживуваат отворањето на таквите сметки како досаден процес кој одзема непотребно време и често прибегнуваат кон внесување на корисничко име и лозинка што е можно поскоро. Лозинката е особено деликатен процес, бидејќи до нечија е-пошта може да се дојде на различни начини, па за некој што сака да дојде до вашите податоци и корисничка сметка, единственото нешто што останува е да ја пробие лозинката.
Една од најголемите грешки што ја прават корисниците е брзо внесување лозинка, а хакерите го следат тоа, па се случува да имаат свои бази на податоци со лозинки кои корисниците најчесто ги користат.
Така, на dark web се појави листа на лозинки кои корисниците најчесто ги користат.
Еве листа на 20 најчести лозинки:
- 123456
- 123456789
- Qwerty
- Password
- 12345
- 12345678
- 111111
- 1234567
- 123123
- Qwerty123
- 1q2w3e
- 1234567890
- DAFAULT
- 0
- Abc123
- 654321
- 123321
- Qwertyuiop
- iloveyou
- 666666
Ако користите некоја од овие лозинки, треба да ги промените, бидејќи постои можност вашата корисничка сметка да е компромитирана, особено ако содржи важни лични информации или оние поврзани со вашата банкарска сметка.