На 7 септември, Apple ќе претстави четири нови модели на iPhone – iPhone 14, iPhone 14 Max, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Заедно со мали хардверски промени, Pro моделите треба да пристигнат со дизајн на екранот без засек, односно notch.
Apple следната недела ќе ја претстави новата iPhone 14 серија, а нови информации продолжуваат да протекуваат. Дојавувачите до неодамна велеа дека Pro моделите ќе го напуштат дизајнот со препознатлив засек и дека горниот дел од екранот ќе има два мали отвори за камерата и сензорите за FaceID (punch hole + пилула).
Станува збор за малку необично решение кое предизвика забуна кај фановите на iPhone, но се чини дека „новиот засек“ нема да биде како што се очекуваше. Имено, како што дознава MacRumors од вработен во Foxconn вклучен во производството на iPhone 14 Pro, двата отвори всушност ќе бидат поврзани кога телефонот ќе се вклучи.
Поточно, Apple софтверски ќе ги исклучи пикселите меѓу двата засека, за да се создаде долгнавеста „пилула“. Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман ја потврди оваа информација на Twitter, истакнувајќи дека засебните отвори би изгледале необично при користење на телефонот.
This is true. It looks like one wide pill shaped cutout. Having that separation would look odd during use. https://t.co/SrAtYQsENx
— Mark Gurman (@markgurman) August 31, 2022
Како што пренесува порталот 9to5Mac, просторот помеѓу двата отвори ќе биде резервиран за прикажување на индикаторите за приватност на Apple, кои пристигнаа со iOS 14. Станува збор за индикатори кои покажуваат кога одредени апликации го користат микрофонот или камерата на мобилниот телефон. Ако е ова точно, се претпоставува дека тоа би можело да ги ослободи аглите на екранот, кои потоа би можеле да се користат за повеќе статусни икони.