Компанијата Samsung објави реклама за мобилните уреди Galaxy S22 Ultra и Z Flip4, а во неа го „исмева“ Apple за недостатокот на иновации во iPhone уредите кои треба да бидат презентирани следната недела.
Во најновата Galaxy S22 Ultra серија, Samsung ги обедини Note и S линиите и понуди комбинација на перископ камера со неверојатни 108 мегапиксели и 100x „space zoom“ опција, а уредот доаѓа и со S Pen и моментно е еден од најдобрите уреди што оваа компанија им ги нуди на своите корисници.
Од друга страна, во рекламата е претставен и водоотпорниот, преклопен Galaxy Z Flip4, кој неодамна беше претставен како наследник на Galaxy Z Flip 3 серијата.
Рекламата „Buckle up“ почнува со реченицата „Подгответе се за најновата презентација на уредите на Apple“, а потоа се истакнуваат предностите на Z Flip 4 преклопниот уред на Samsung и „камерата со највисока резолуција во нечиј џеб, но дека епската снимка од месечината која ќе ги собере сите лајкови нема да биде нивна (на корисниците на смартфоните на Apple)“, кои доаѓаат со мобилниот уред Samsung S22 Ultra.
„Овие иновации не доаѓаат наскоро кај iPhone уредите околу вас, тие се веќе тука, на новиот Galaxy“, се заклучува во рекламата од 30 секунди.
Apple најверојатно ќе ги претстави мобилните iPhone 14 и iPhone 14 Pro уредите на настанот „Far Out“ за пет дена, односно на 7 септември. Pro верзијата треба да има камера од 48 мегапиксели и видео снимање во 8К резолуција, како и Always-on display опцијата и издолжен отвор во облик на пилула за предната камера и Face ID сензорите, што ќе го замени досегашниот засек (notch).
Apple закажа настан за 7 септември, пристигнува iPhone 14 серијата