TCL NXTWEAR S очилата доаѓаат со двојни 1080p Micro OLED екрани, а посебно е интересно што на нив може да се додадат корективни леќи.
Во пресрет на саемот IFA во Берлин, TCL ја претстави новата верзија на очилата за проширена реалност, TCL NXTWEAR S. Како што беше истакнато на презентацијата, новите TCL NXTWEAR S паметните очила доаѓаат со двојни 1080p Micro OLED екрани, а она што е особено интересно е што може да се додадат и корективни леќи за да можат луѓето кои носат очила да уживаат во мешанатс реалност (комбинација од проширена и виртуелна реалност). Исто така, можно е да се додадат предни леќи (како очила за сонце), што го ограничува видното поле и ги претвора очилата од AR во VR.
Меѓу најзначајните новитети се изменетите контроли за да му се олесни на корисникот да управува со поставките. Наместо да се бараат функциите на паметниот уред, јачината на звукот се прилагодува со помош на бирач на левата слепоочница, додека десната страна ја контролира осветленоста и прекинувачот за режимот 2D/3D. Пристапноста е подобрена благодарение на новиот магнетен пого-пински конектор, поставен на задниот дел од десната рачка за лесно поврзување со паметните уреди и компјутери.
Екранот и звукот се значително подобрени додека ја намалуваат потрошувачката на енергија. Заедно со редизајнираната низа звучници за прецизен, јасен звук, визуелните и аудио содржини постигнуваат јасност на ниво на кино.
Благодарение на редизајнот на рамката, очилата се поудобни за носење и гледање на разни мултимедијални содржини подолго време, како и FPV контрола на дрон.
TCL NXTWEAR S ќе бидат достапни кон крајот на 2022 година на одредени пазари.