Научници од американскиот Национален институт на стандарди развиле „атомска телевизија“ која користи ласери и атомски облаци за да регистрира видеотрансмисии во резолуција од 480и (480i). Тимот ја демонстрирал технологијата со пренесување видео во живо.
Комуникациските системи базирани на атоми би можеле да бидат физички помали и потолерантни на бучна околина во споредба со традиционалните електронски уреди. Освен тоа, способноста за пренесување видео би можела да ги подобри радиосистемите на изолирани локации или во итни случаи.
Демонстрацијата на новата технологија може да се види во видеото во продолжение.