Google минатата година претстави вграден RSS читач за Chrome на Android. Сега се чини дека функцијата се тестира за Chrome за десктоп и ChromeOS.
Функцијата е забележана во изворниот код на прелистувачот и е опишана како „Web Feed“. Од Google потврдија дека работат на споменатата функција и дека се работи за RSS feed reader за десктоп и ChromeOS.
Потврдено е дека читачот на RSS фидот се уште е во процес на тестирање, а се сугерира дека би можел да се појави во верзијата Chrome 106, која се очекува на крајот на септември.
Во меѓувреме, Google Chrome RSS Reader е достапен во Chrome 106 Dev Channel и ChromeOS 106 тест изданијата. Постои опција да го активирате доколку сакате да го пробате, а процесот можете да го најдете овде.
Кога ќе стане достапна Chrome функцијата на RSS читач на десктоп, таа може да послужи како отскочна штица за опцијата да се појави во други прелистувачи базирани на Chromium, иако Vivaldi и Edge веќе имаат свои вградени RSS читачи.