Новиот смартфон Honor 70 е награден од EISA со признанието „Best Buy“ во категоријата паметни телефони на IFA 2022 саемот за потрошувачка електроника во Берлин.
Кинеската компанија Honor е една од компаниите кои ја оставија големата премиера за саемот IFA во Берлин. Претставен е новиот модел од средната категорија Honor 70, кој судејќи според спецификациите, има бројни премиум карактеристики.
На прв поглед, Honor 70 е многу убав и елегантен телефон со екран од 6,67 инчи. Користи OLED дисплеј со заоблени рабови кој доаѓа со FHD+ резолуција од 1080 x 2400 пиксели и сооднос 20:9. Honor додаде и стапка на освежување од 120 Hz за пофлудино скролање и со цел да се добие кристално јасна и прецизна слика без оглед на тоа што се репродуцира на екранот. Екранот на телефонот поддржува 1,07 милијарди бои, има 100% DCI-P3 филмски опсег на бои, што се користи во филмската и кино индустријата. Опремен е и со водечката технологија за затемнување во индустријата – Модулација на ширина на пулсот (PWM) од 1920 Hz што овозможува попријатно доживување при гледањето. Во исто време, смартфонот е исклучително лесен и тенок.

Камерата е двојна и главно се заснова на тоа максимално да олесни и пружи врвен запис за сите оние кои креираат содржини за социјалните мрежи. Главата двојна камера се состои Super Sensing главната камера од 54MP, со голем 1/1,49-инчен IMX800 сензор и ултраширока и макро камера од 50MP. Она што е особено интересно кај овој модел е Solo Cut Mode, опција на камерата која им овозможува на корисниците да снимаат две видеа во исто време, при што едното видео се фокусира на едно лице, додека другото ја снима целата група.
Новиот Honor 70 го покренува Qualcomm Snapdragon 778G Plus 5G и podržava GPU Turbo X и OS Turbo X. Honor 70 е првиот смартфон во серијата Honor N, кој работи на најновиот Honor Magic UI 6.1 базиран на Android 12. Honor 70 ќе биде достапен во три нијанси на бои – Midnight Black, Crystal Silver и Emerald Green.
Во текот на IFA 2022 саемот, Здружението на експерти за снимање и звук (EISA) му ја додели на Honor 70 наградата EISA BEST BUY SMARTPHONE 2022-2023 за најдобар паметен телефон. EISA е стручна заедница која се состои од преку 60 најугледни светски списанија за потрошувачка електроника, веб страници и коментатори на социјалните медиуми од 29 држави.
