Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92 % во однос на одлуката од 2.9.2022 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л, а малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 3,00 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,277 денари/кг и сега ќе изнесува 52,463 денара/кг.
Од 6.9.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 98,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 52,463 (денара/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,983 %, кај дизелот 1,812 %, кај екстра-лесното масло 4,293 % и кај мазутот намалување од 0,568 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,068 %.