Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и партнерите од проектот GREENOVET денеска организираат регионална работилница на тема „Зелени иновации во стручното образование и обука – предуслов за регионален развој”.
На работилницата ќе стане збор за потенцијалите и компетенциите кои постојат за развој на зелени иновации во Скопскиот регион, расположливите образовни капацитети, како и улогата на Центарот за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации во поттикнување на економскиот развој, најави ССК.
На настанот ќе се обратат проф. Радмил Поленаковиќ од Машински факултет – Скопје, доц. д-р Трајче Велковски, раководител на Центарот за извонредност на стручно образование и обука на Машински факултет – Скопје и д-р Бојан Јовановски, виш предавач на Институт за меѓународен менаџмент, Универзитет за применети науки ФХ ЈОАННУЕМ, Грац, Австрија – Координатор на проектот ГРИНОВЕТ.
Центарот за стручно образование и обука за залени иновации е формиран, како регионален центар, еден меѓу четири во Европа, во рамки на проектот „Гриновет – Европска платформа за извонредност за зелени иновации и стручно образование и обука. Во проектот покрај Сојузот на стопански комори од нашата земја вклучени се и Машинскиот факултет од Скопје, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење, „Раде Кончар ТЕП” и АСУЦ „Боро Петрушевски” како и уште 13 партнери од Австрија, Португалија и од Финска