Оваа вакцина не бара инјектирање и е полесна за складирање, а се дава со прскање со распрскувач во ноздрите.
Кинеските власти ја одобрија првата вакцина за инхалација против Ковид-19 во светот, која беше одобрена за производство во северниот град Тијанџин во понеделникот.
Вакцината од CanSino Biologics ќе се користи како итна засилувачка доза и беше одобрена од кинескиот регулатор во понеделникот, се вели во соопштението на компанијата.
Оваа вакцина не бара инјектирање и е полесна за складирање, а се дава со прскање со распрскувач во ноздрите.
CanSino не објави кога векторската вакцина, за која не е објавена независна студија за ефикасност, ќе биде достапна за јавноста.
Научници од повеќе земји, вклучувајќи ги Куба, Канада и САД, развиваат вакцини кои би се земале со вдишување преку нос, што е пат на влез на коронавирусот.
Од 2020 година, Кина одобри осум вакцини против Ковид развиени од локални фармацевти и до денес користи само кинески вакцини.
И покрај тоа што има мал број заразени во споредба со остатокот од светот, Кина спроведува строга стратегија за борба против пандемијата наречена „нулта стапка на ковид“.
Станува збор за мерки за целосно затворање штом се појават првите случаи на ковид, потоа речиси задолжително тестирање со PCR тест на секои 72, 48 или дури 24 часа, ставање на луѓето во изолација и затворање фабрики и бизниси.
На пример, во огромниот 18-милионски град Шенжен на југот на Кина, кој се смета за храм на високата технологија, минатиот викенд многу области беа целосно затворени.
Во друг дел на Кина, жителите на градот Ченгду во провинцијата Сечуан исто така се во целосна изолација и ќе бидат масовно тестирани од понеделник до среда.