Патниците на „Ројал Карибиен“, кој исто така управува со „Селебрити крузес“ и „Силверси крузес“, наскоро ќе имаат пристап до сателитскиот интернет Starlink на SpaceX.
Компанијата „Ројал Карибиен“ потврди дека ќе ја опреми својата флота од крстосувачки бродови со технологијата Starlink, за патниците да можат да користат побрз и посигурен интернет. Тестирањето е веќе направено на еден од бродовите за крстосување во текот на летото, а првиот брод за крстосување што официјално ќе понуди интернет Starlinj ќе биде „Селебрити бијонд“. Компанијата очекува услугата да биде достапна на сите бродови за крстосување до првиот квартал на 2023 година.
Соопштението на „Ројал Карибиен“ не содржи технички детали, како што е бројот на антени Starlink, но компанијата вети дека интернетот ќе биде доволно брз за користење услуги за стриминг и за остварување видеоповици.
Интернет-услугата на Space X, фокусирана на бродови, наречена Starlink маритајм, е релативно нова и моментално ги покрива само крајбрежните води во делови од Северна и Јужна Америка, вклучувајќи ги Карибите, како и Европа, Австралија и Нов Зеланд, но во план е комплетна покриеност на светските океани до првиот квартал од 2023 година.