Пред да биде отстранет од социјалната мрежа Instagram, Pornhub имаше над 13.1 милион следбеници и над 6.200 објави.
Овој потег следи еден месец откако Visa и Mastercard ги укинаа привилегиите за плаќање на TrafficJunky, огранок за рекламирање на MindGeek, матичната компанија на Pornhub.
Тоа следи по судската одлука на сојузниот суд во јули со која е одбиено барањето на Visa да биде отстранета од случајот во кој MindGeek е тужен за наводна дистрибуција на детска порнографија и во која се наведува дека Visa свесно овозможила на MindGeek да ги претвори во готовина парите од илегалната содржина.
На Instagram профилот, Pornhub споделуваше непорнографски видеозаписи и фотографии, но според Доун Хокинс од Националниот центар за сексуална злоупотреба, „промовирал порнографија и прикажувал видеа како „Next Career Goal“, кои ги поттикнуваат луѓето да се занимаваат со порнографија.
Центарот е дел од поддржувачите кои лобираа Pornhub да биде отстранет од Instagram.
„Instagram храбро одлучи да го прекине партнерството со Pornhub и време е сите корпоративни субјекти да го следат овој примeр“, изјави Хокинс.