Во текот на својата долга историја, LG не бегаше од имплементирање на необични решенија во своите производи.
Поради тоа, не е чудно што јужнокорејската компанија реши да влезе на NFT пазарот. Корисниците во САД кои поседуваат телевизор со оперативниот систем webOS 5.0 или понова верзија ќе можат да пристапат до новата платформа на компанијата LG Art Lab.
Се работи за продавница за купување и продавање на NFT токени директно преку ТВ екранот. Се базира на мрежата Hedera и го користи новиот мобилен паричник LG Wallypto за складирање на дигитални средства. Поседува дури и функција за одбројување, која овозможува да се дознае кога се очекуваат нови NFT.
Времето на додавање на оваа функција е невообичаено. Според извештаите од пазарот на OpenSea, јавноста во голема мера го изгубила интересот за NFT. Во текот на 28 август, пазарот обработи NFT трансакции во вредност од пет милиони долари.
Тоа претставува пад од дури 99 отсто од 405,75 милиони долари, што беше рекорд поставен на 1 мај, 2022 година. Во овој период, максималната цена на некои од најбараните NFT исто така значително падна.
Секако, тука зборуваме за компанијата LG, која досега ни испорача бројни интересни концепти. Останува да се види колку долго LG планира да остане во NFT секторот.