Во текот на месец мај оваа година, Samsung одлучи да ја затвори својата последна фабрика за LCD екрани од 8,5 генерација во Јужна Кореја, што се случи еден месец подоцна. Со овој потег, Samsung практично и целосно се повлече од бизнисот со производство на LCD дисплеи, дури шест месеци порано од првично планираното. Samsung во иднина ќе се фокусира исклучиво на развој и производство на панели со органски диоди кои емитуваат светлина (OLED) и Quantum Dot (QD) технологијата. Поради тоа, целиот персонал кој беше ангажиран за производство на LCD екрани ќе биде префрлен во капацитетите за QD технологијата.
Иако Samsung сега официјално се повлече од бизнисот со LCD екрани, сепак има многу патенти во областа на LCD технологијата. Според веб-страницата TheElec, Samsung ги префрлил сите патенти за LCD од САД и Јужна Кореја на CSOT во текот на јули и август оваа година. Треба да се има предвид дека Samsung има регистрирано над 500 патенти поврзани со LCD технологијата, и тоа само во САД. Со завршувањето на оваа транзиција, Samsung ќе продаде над 2.000 LCD патенти ширум светот, со што официјално ќе заврши деловната ера на одделот Samsung LCD Display.
CSOT го усвои производството на Samsung LCD во фабрика изградена во 2020 година во кинескиот град Сужоу. Поради недостатокот на експертиза во процесот на LCD технологијата, беше подложна на судски спорови за патенти во САД. Новата трансакција и трансфер на технологија имаат за цел целосно да ги елиминираат ваквите ситуации во иднина. Извори блиски до индустријата за LCD екрани веруваат дека овој дел е прилично забавен во текот на последните неколку години, така што овој потег за собирање патенти може да се види повеќе во светлината на неговото користење за потребите на водење судски случаи со цел да се спречи конкуренцијата.
Во текот на летото, делегација од компанијата TCL го посети Samsung за договор за набавка на LCD панели. Samsung е вториот најголем клиент на LCD екрани од CSOT со удел од 25%, а само TCL е поголем од него со 50% удел во продажбата на CSOT, чиј е мнозински сопственик. Со повлекувањето на Samsung од бизнисот со LCD и намалувањето на нарачките од компанијата BOE, Samsung дефинитивно ќе ги задоволи своите потреби со екрани од CSOT фабрикатa. Посебно што Samsung поседува акции во споменатата компанија.