На почетокот на летото оваа година, Xiaomi во Кина за прв пат ја претстави Pro верзијата на својата популарна нараквица Xiaomi Band – Xiaomi Band 7 Pro. Сега, речиси два месеци по лансирањето во Кина, оваа паметна алка може да пристигне и во Европа.
Според дојавувачот Skrzypek, Xiaomi Smart Band 7 Pro (името на глобалната верзија) веќе ги има поминато сите потребни сертификати и наскоро треба да биде претставен за европскиот пазар.
Верзијата на нараквицата што доаѓа во Европа ќе го има бројот на моделот M2141B1. Засега не е познато дали оваа глобална верзија ќе има некакви промени во однос на кинеската верзија.
За потсетување, Xiaomi Band 7 Pro има големина на екран од 1,64 инчи. Станува збор за AMOLED екран со густина на пиксели од 326 ppi, додека резолуцијата е 280 x 456 пиксели. Екранот има сензор за амбиентална светлина, како и поддршка за аlways-оn дисплеј. Xiaomi дизајнираше над 180 скинови за екранот на Xiaomi Band 7 Pro, кој пристигнува со поддршка за GPS, GLONASS, Galileo, Beiu и QZSS.
Нараквицата има 5ATM водоотпорност, што значи дека можете да ја носите во базен. Батеријата од 235 mAh е одговорна за автономијата на Band 7 Pro, а алката вклучува сензор за отчукувањата на срцето, како и сензор за нивото на кислород во крвта и вибрира ако регистрира дека вашиот SpO2 е премногу низок. Достапно е и следење на сонот низ три фази: лесен, длабок и REM сон. Нараквицата нуди дури 117 спортски режими, вклучувајќи 10 курсеви за трчање.
Цената на Xiaomi Band 7 Pro изнесува околу 57 евра, но сигурно е дека цената на нараквицата во Европа ќе биде повисока.