Секој уред на Apple има вградена функција iCloud. Овозможува вашата содржина, како што се фотографии, белешки и други податоци, да бидат целосно складирани, ажурирани и достапни во секое време и на кој било уред на Apple во исто време користејќи ја cloud технологијата. iCloud доаѓа потполно бесплатно со секој уред на Apple.
Веројатно дел од вас се прашуваат што всушност претставува iCloud+ на уредите на Apple. Покрај иницијалните 5 GB cloud меморија кои ги добива секој корисник на Apple, правиме и мал преглед на сѐ она што ти е достапно во рамките на дополнителната функција iCloud+. Да почнеме со ред!
Што е iCloud+?
iCloud нуди cloud складирање на твоите податоци на уредите на Apple. Важно е да запаметиш дека секогаш кога ќе сакаш да ги ажурираш своите податоци, одновода инсталираш iOS, да го замениш уредот (при оштетување или купување нов) можеш безгрижно да сметаш на тоа дека iCloud зачувал сѐ што ти треба. iCloud можеш да го користиш и за следниве работи:
- Контакти
- Календари
- Потсетници
- Документи
- И многу повеќе од тоа
iCloud+ дополнително ти обезбедува простор за складирање на cloud сервисот на Apple, и е многу корисен за патувања на кои лесно правиме по 500 или повеќе фотографии. Откако ќе ја конфигурираш твојата iCloud сметка со Apple ID, брзо и лесно ќе можеш да ја споделуваш целата зачувана содржина.
iCloud и апликацијата Photos
Складирањето фотографии отсекогаш била една од најважните карактеристики. Ќе можеш да ги прегледаш сите фотографии некогаш снимени на сите твои уреди на Apple. Со iCloud и апликацијата Photos, можеш да ги прелистуваш, пребаруваш и споделуваш сите фотографии и видеа што ги имаш на твоите Apple уреди, без разлика дали се направени вчера или пред неколку години.
Направи албум во Photos кој ќе биде посветен на патување, специјален настан или нешто слично. Твое е само да избереш пријатели или членови на семејството кои ќе можат слободно да ги прегледуваат фотографиите во албумот, да додаваат свои и да коментираат. Сѐ е лесно поврзано.
iCloud Drive
Како и Photos, iCloud Drive е дел од iCloud+. Тоа е само уште една во низата многу дополнителни услуги на iCloud+, кои се користат за складирањa на нешта како што се бекапи, фотографии или податоците од апликацијата Find me. Она за што првенствено можеш да го користиш iCloud Drive е складирање на сите видови документи.
Да ја објасниме оваа разлика подетално. Замисли си го iCloud+ како плакар со книги во него, а iCloud Drive како една од оние фиоки во плакарот каде што можете да складирате други работи.
Дополнителни функции понудени од iCloud+
Откако ќе се надградиш на iCloud+, добиваш пристап до следните атрактивни функции кои може да бидат неопходни во некои случаи:
- iCloud Private Relay е услуга за приватност на Интернет која ја крие твојата IP адреса во Safari и те заштитува. Кога е вклучено, можеш да пребаруваш на интернет безбедно со акцент на чување на твојата приватност
- Скриј ја мојата е-поштакаде што можеш да креираш уникатни адреси за е-пошта по случаен избор, кои ќе бидат препратени во твоето лично сандаче без да мора да ја споделуваш твојата лична адреса за е-пошта
- Прилагодениот домен за е-пошта ја персонализира твојата адреса за е-пошта и ги поканува членовите на семејството да го користат истиот домен со нивните сметки за пошта на iCloud.
- HomeKit Secure Video ти овозможува да ги поврзеш домашните безбедносни камери во апликацијата Home за да можеш да го набљудуваш и снимаш сѐ она што значи потенцијална закана за твојата приватност и безбедност.
Дополнителен простор на iCloud
Спомнавме дека кога се регистрираш за сметка на Apple ID, добиваш 5 GB бесплатен простор, а кога ќе ти снема простор, можеш да купиш уште од Apple.
Во моментов, се нудат три претплати за платена меморија:
50 GB по цена од 0.99 долари
200 GB по цена од 2.99 долари
2 ТБ по цена од 9.99 долари
Tреба да се нагласи дека плановите може да се менуваат во секое време бидејќи нема договорна обврска, но важно е да се напомене дека постои можност да исчезнат фотографии, податоци и слично доколку услугата е откажана и нема доволно меморија за складирање на сите податоци.
Како заклучок, iCloud+ се издвојува како одличен метод за складирање на сите видови документи во „облакот“ на безбедно, практично и достапно место кое можеш да го посетиш од каде било во секое време. Дополнително, лесен пристап до податоци, фотографии и други датотеки е една од најдобрите опции за складирање достапни денес. Нема повеќе потреба од дополнителен хард диск или слично што ти го отежнува складирањето и создава потенцијален проблем за губење на дискот во физичка форма. Испробај ја услугата iCloud+ и уживај во дополнителниот простор што ја гарантира твојата безбедност. Ако сè уште не си сигурен дали ти треба дополнителен простор, тука сме ние да ти помогнеме. iSTYLE ти подарува 3 месеци претплата на iCloud+ која е апсолутно бесплатна.
Испробај ги Apple Arcade и iCloud+ 3 месеци потполно бесплатно.