Intel и AMD наскоро ќе претстават нови DDR5 платформи, што ќе го зголеми интересот за DDR5 мемориските модули.
Досега DDR5 меморијата беше значително поскапа во однос на DDR4, но се чини дека се очекува значителен пад на цената што ќе помогне во подобро и побрзо прифаќање на новиот стандард.
Само во текот на јули цените на мемориските DDR5 чипови забележаа пад од 20 проценти.
Како што наведува Digitimes Asia, производителите на меморија почнаа да ги испорачуваат своите залихи на DDR чипови до продажните канали, а бидејќи нивните залихи се трупаат и побарувачката останува мала, тоа ќе доведе до дополнително намалување на цените.
Во минатото, мемориските DDR5 модули ги чинеа дистрибутерите 200% повеќе од просечниот DDR4 модул. Во моментов разликата е „само“ околу 100 проценти.
Во текот на 2023 година, се очекува DDR5 меморијата да има соодветна цена.